Забава

Непознати детали од животот на Моника Белучи

Една од најубавите актерки во светот, Моника Белучи, всушност отсекогаш сакала да се занимава со право и манекенство.

Нејзиниот татко бил сопственик на транспортна компанија, а нејзината мајка сликарка, која поголемиот дел од времето го минувала дома.

Моника започна со манекенство на тринаесетгодишна возраст, со цел да го плати своето образование. До 1989 година, таа стана едно од најпрепознатливите лица на париската модна сцена и почна да се појавува на насловните страници на списанија како „Ел“ и да соработува со брендови како „Долче и Габана“.

Студирала право на Универзитетот во Перуџа, но на крајот се откажала од колеџот за да продолжи со кариерата како модел. Таа се омажи за фотографот Клаудио Бас во 1990 година, но тие се разведоа после четири години. Откако работеше на неколку италијански телевизии и глумеше во филмови, Белучи се претстави пред американската публика со филмот „Дракула“ во 1992 година.

Во филмот „Апартман“, таа се среќава со Винсент Касел, со кого глумеше во тоа време, а по неколку години се венчаа.

Додека тие беа во брак, Винсент и Моника живееја во одделни станови за да не паднат во рутина и да станат навика едни на други. И покрај тоа, тие се разведоа во 2013 година. Со разводот од Винсент, по тринаесет години брак, сфати дека не знае што да прави сама, но исто така истакна дека љубовта не знае за развод и дека тие можеби еден ден ќе се сретнат и помират, а многумина заклучиле дека таа никогаш не го преболела.

Поврзани вести

Крис Пајн сака да биде „светец“

Влатко Зорба

Пинк под дејство на алкохол ја потстрижи косата

Хороскопски знаци кои не знаат да чуваат тајни

Елена Даскалова

Гитара на Курт Кобејн се продаде за 6 милиони долари

Влатко Зорба

Леди Гага денес го прославува 34 роденден

Најприсебните и најреалните хороскопски знаци

Елена Даскалова