Забава

Новиот албум на Лејди Гага ќе биде објавен на 29 мај

Лејди Гага потврди дека нејзиниот нов албум „Chromatica“ ќе биде објавен овој месец, откако го одложи планираното издание за април. 34-годишната пејачка се подготвува да го објави шестиот студиски албум на 29 мај.

Гага ги објави вестите на социјалните медиуми, каде рече: „Авантурата продолжува. Официјално може да се придружите на мене и на #Chromatica на 29 мај. “

Албумот првично требаше да биде лансиран на 10 април, но беше одложен само неколку недели порано поради тековната пандемија од коронавирус.

Гага тогаш рече во изјава: „Иако верувам дека уметноста е една од најсилните работи што обезбедува радост и заздравување во едно вакво време, јас едноставно не уживам да го објавам овој албум со сè што се случува за време на ова глобална пандемија“.

Откако албумот беше одложен, пејачката го организираше онлајн добротворното шоу „Еден свет: Заедно дома“ за да помогне во напорите против КОВИД-19 ширум светот.

Подоцна објави список со 16 песни на нејзиниот претстојен албум, во кој ќе бидат вклучени соработки со Ариана Гранде, Сер Елтон Џон и поп групата „BLACKPINK“.

Аријана ќе се вклучи во „Rain on Me“, додека „BLACKPINK“ ќе пеат во „Sour Candy“ а Елтон во „Sine from Above“.

Поврзани вести

Емили рекламира костуми за капење – секој е помал од претходниот! (ФОТО)

Stefanija Kuzmanovska

Норт Вест ја доби на подарок јакната на Мајкл Џексон (ФОТО)

Елена Даскалова

Кралицата Елизабета и принцот Филип прославија 72 години брак

Софија Вергара објави секси фотографии од летувањето на Миконос (ФОТО)

Кајли Џенер претходно летала со хеликоптерот во кој загина Коби

Елена Даскалова

Уапсени професори од факултет кои произведувале метамфетамин

Елена Даскалова