Забава

Од Бонд до Индијана Џонс: 5 легендарни улоги на Конери

Актерот Шон Конери почина на 90-годишна возраст, објави Би-Би-Си. Тој е првиот Бонд, Џејмс Бонд, а во исто време е и татко на Индијана Џонс. Тој го одбележа Холивуд како никој друг.

Конери глумеше во вкупно седум филмови за Џејмс Бонд. Покрај нив, тој играше и во филмовите Нескршливи, Името на розата, Лов на црвениот октомври, Индијана Џонс и последната крстоносна војна и многу други. Ова се и неговите најпознати улоги во кариерата, за кои своевремено пишуваше Би-Би-Си.

Нескршливи

Конери во драмата на Брајан де Палм го игра Џим Мелон, непоткуплив полицаец од градот Чикаго, кој му се придружува на Елиот Нес во борбата против славниот мафијаш Ал Капоне.

Џејмс Бонд

Шон го играше Бонд седум пати – прв пат во филмот Доктор Не во 1962 година, во кој истражува исчезнување на колега и проблеми со американската вселенска програма.

Индијана Џонс и последната крстоносна војна

Борба против нацистите, бркања, борби, антички артефакти, огромни камени топчиња од кои мора да се избега, многу змии – авантурата е загарантирана. Во третиот дел од франшизата, Индијана Џонс доби татко, и тоа никој друг освен Шон Конери.

Човекот кој сакаше да биде крал

Станува збор за адаптација на роман на Рудиард Киплинг, автор на познатата „Книга за џунглата“, а филмот следи двајца поранешни британски војници и нивната авантура во која стигнуваат до далечниот Кафиристан, каде што белиот човек не стапнал од времето на Александар Велики. Главните ликови, за кои Индија е мала и сакаат да станат кралеви, ги толкуваат Конери и Мајкл Кејн.

Лов на црвениот октомври

Шпиони, Студена војна, ЦИА, подморници… Сосема доволно за да се погледне. Конери овде го игра Марк Ремиус, команден офицер на „Црвениот октомври“, нова советска подморница која не е видлива за сонарите, и се упатува кон САД.

Поврзани вести

Камерон Дијаз родила ќерка на 47 години

Меган Маркл брутално искритикувана

Се сеќавате ли на пејачката Талија?

Филмови чии премиери се откажани или одложени поради пандемијата

Кристина Денесовска

5 хороскопски знаци кои се најголемите злопамтила

Елена Даскалова

Ретко кој знае како изгледа: Ќерката на Том Круз и Никол Кидман во блескаво издание (ФОТО)

Stefanija Kuzmanovska