Забава

Онлајн концертот на Лејди Гага собра 127 милиони долари

Американската поп sвезда Лејди Гага откри дека е „трогната“ од успехот на „One World Together At Home“. 34-годишната пејачка помогна да организира мрежен концерт на кој учествуваа некои од најпознатите музички sвезди и актери во светот.

На Твитер, Гага ја откри својата благодарност за уметниците кои се придружија во борбата против пандемијата од коронавирус.

Таа напиша: „Ги обожавам сите уметници на #TogetherAtHome. И сите што гледаа, и сите што не или не можеа. Сите сме важни. Ние сме еден свет“.

Настанот вклучуваше настапи на Адам Ламберт, Рита Ора, Бијонсе, Дејвид Бекам, Самуел Л. Џексон, Сер Елтон Џон и Сара Џесика Паркер. И откако беше објавено дека онлајн свирката помогнала да се соберат повеќе од 127 милиони долари, Гага го откри нејзиното чувство за гордост.

„Се чувствувам толку трогната што бев дел од овој проект. Ви благодарам @GlblCtzn. Ви благодарам СЗО. Ве сакам“, напиша таа.

Претходно, Гага го опиша „One World Together At Home“ како „љубовна порака“.

Ѕвездата им се заблагодари на луѓето за нивната поддршка во емотивно видео на Инстаграм.

„Само сакам да знаете дека ова е вистинска љубовна порака за сите вас низ целиот свет“, вели пејачката.

Поврзани вести

Зошто Тејлор Свифт веќе не смее да ги изведува своите песни?

Елена Даскалова

Премиера на последниот дел од Војна на ѕвездите

Кристина Денесовска

Атрактивната Лонгорија топи килограми во изолација (ВИДЕО)

Влатко Зорба

„Плус-сајз“ моделот Ешли Греам го објави својот 30-минутен тренинг (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Вистината за Пусикет Долс во едно видео

Сите зборуваат за реакцијата на Анистон кон Бред Пит