Забава

Палтроу продава свеќа со арома на нејзините интимни делови

Гвинет Палтроу лансираше за онлајн продажба свеќа, со арома на нејзините интимни делови. Актерката ја процени аромата на нејзината вагина на 75 американски долари, а секој може да ја купи од нејзината онлајн продавница Goop

47-годишната актерка е автор на свеќата наречена „Ова мириса на мојата вагина“, која се продава на нејзината онлајн продавница. Актерката открива дека аромата на цитрус, бергамот и кедар ја надополнуваат целокупната арома на свеќата.

Според Палтроу, свеќата се создала како шега, како што е напишано во описот на производот, каде гласи: „Оваа свеќа започна како шега помеѓу парфимерот Даглас Литл и мојот доктор – тие работеа на мирис, кога мојот лекар и рече дека комбинацијата од ароматите ….. мирисаат на вагината. Од шега, идејата стана смешна, згодна, секси и убава неочекувана комбинација на мириси “.

За време на тест периодот, свеќата се продавала за неколку часа.

Гвинет – која ја основа својата онлајн продавница во 2008 година – честопати спаѓа во хрониките на нестандардни придонеси, откако неодамна продаде вибратор од злато за 15,000 долари .

Минатата година таа ја скандализираше јавноста со тоа што понуди бургундски кожен костум од 786 американски долари, во комплет со камшик од црна кожа за 300 американски долари.

Самата Гвинет засега нема планови да се откаже од глума целосно, но планира да се фокусира на воспоставување и проширување на својата онлајн продавница, а не на нејзината актерска кариера.

„Никогаш не реков дека се откажувам од глума. Но, Goop е моја страст за работа со полно работно време, а да се биде основач и извршен директор на Goop е она што го правам цел ден и сакам да го работам цело време “, изјави актерката за американските медиуми.

Поврзани вести

Норт Вест ја доби на подарок јакната на Мајкл Џексон (ФОТО)

Елена Даскалова

Бредли и Ирина одлучија дека заедно ќе се грижат за ќеркичката

Анистон „растура“ на Инстаграм со селфи без шминка

Елена Даскалова

Мајка ѝ на Меган виновна за „мегзит“?

Елена Даскалова

Рита Вилсон рапува од карантин (ВИДЕО)

Почина актерката од серијата Сексот и градот

Кристина Денесовска