Забава

Парис Хилтон прошета со маска направена од чисти дијаманти

Богата наследничка Парис Хилтон (39) ги изненади сите со маска украсена со дијаманти, што е повеќе моден додаток отколку заштита против коронавирусот,  пренесува „Телеграф“.

Парис уживаше во вечерата со своето момче Картер Реум и пријателите, а со оглед на тоа што поради пандемијата и зголемувањето на бројот на заболени од Ковид 19 во светот, носењето маска е задолжително, таа, во свој стил, се погрижи нејзината маска да биде скапоцена и забележана од сите.

Богатата наследничка носеше бел, чипкан фустан, чевли со високи потпетици, а елегантниот стил го надополнуваше маска од дијаманти, поради која беше исмеана од многу луѓе.

Иако е задолжително да носите заштитна опрема низ целиот свет, Парис се појави во јавноста пред неколку дена без маска.

 

Поврзани вести

Се сеќавате ли на пејачката Талија?

Србија останува со истите претставнички и за Евровизија 2021, но ќе се смени едно нешто

„Batwoman“ е бисексуалка за првпат во историјата

Влатко Зорба

Психолошки профил на родените во знакот Рак

Елена Даскалова

Што ќе се случи со избраните песни за Евровизија?

Манекенка со Даунов синдром воодушеви на Модната недела во Њујорк

Кристина Денесовска