Забава

Пол Макартни издава нов соло албум снимен за време на карантинот

Познатиот британски музичар Пол Макартни изјави денес дека неговиот нов соло албум „McCartney III“, снимен минатата пролет за време на карантинот воведен поради епидемијата на коронавирусот, ќе излезе во декември.

Албумот ќе излезе на 11 декември, и е трет дел од триптихот на Макартни. Првиот дел „McCartney“ беше издаден пред 50 години, а вториот „McCartney II“, десет години подоцна, во 1980 година.

Поранешниот басист на легендарните Битлси рече дека не планирал да издаде албум оваа година, но за време на карантинот преработил некои стари песни кои никогаш не биле објавени, што му дало идеја да направи нови песни и да сними албум.

78-годишниот Мекартни додаде дека карантинот го поминал на својот имот со семејството и дека секој ден останувал во неговото музичко студио.

Тоа ќе биде негов 18-ти соло-албум по „Egypt Station“, кој беше издаден во 2018 година.

Поврзани вести

Џеј Ло ужива на плажа, ги залуде фановите со затегнатото тело (ФОТО)

Александар Петровски

Ума Турман призна дека била сексуално малтретирана

Кристина Денесовска

Бујната Пелас воодушеви со новите фотографии од плажа

Влатко Зорба

Бора Ѓорѓевиќ оди на лекување

Кристина Денесовска

Познат романски фудбалер фатен со сопругата на свој пријател, снимката излезе на Јутјуб!

Влатко Зорба

Проблематичната актерка Хедер Локлир фотографирана на прошетка со семејството