Забава

Поради кризата, Тони Цетински започна да работи како диџеј

Тони Цетински (51) повторно започна да настапува како диџеј, поради кризата што ја имаат пејачите веќе неколку месеци, заради неможноста да настапат и одржуваат концерти.

Сепак, за оние кои можеби не го познаваат Тони и неговата кариера толку добро, ова не е првпат пејачот да работи како диџеј. Тој го направи тоа за прв пат во 1985 година, во еден клуб.

– Мојот пријател кој беше главен диџеј, јас му помогнав, му асистирав со плочите. Точно со плочи, сè уште не сум ја достигнал таа фаза да работам со плочи затоа што ми недостигаат музички архиви, но ќе дадам се од себе за на крај да завршам на плочи – рече Тони за магазинот „IN“.

Неговата диџеј-турнеја овој пат започна на тераса на луксузен хотел во Опатија.

– Од жанровите, никогаш не сум се ограничил. Сакав од AC / DC до Prince, што нема никаква врска едни со други, фанки, рок, подоцна кога излезе тоа ACID и тоа, па хаус, вокален хаус. Само тој трап не можам никако, тоа е денес. Тоа не беше случај тогаш. Реге, ќе вртам исто. Ќе биде сè – рече Тони ноќта кога настапуваше.

Музичарот веќе е резервиран за неколку настапи на терасите на хотелите на брегот.

Како што вели, неговата сметка е празна.

– Пајажина на сметката! Не се испразни, се испразни пред многу време, сега е пајажина. Знаете кога е време да дојде пајажина? Кога ништо не поминува таму долго време! Беше така и порано, со оглед дека ги имам овие плаќања за алиментација, секогаш беше „Тони, дали ти легнаа пари?“. „Не легна, туку седна некое време и веднаш продолжи!“. Значи … Нема да лелекаме, рековме, позитивно! – призна тој.

Тони се осврна и на оние кои рекоа дека sвездите треба да копаат компири, додека нивните концерти се запрени.

– Јас лично не познавам ниту еден колега кој ќе рече дека се срами да го стори тоа. Или можеби има, но тогаш не е мој близок пријател или соработник затоа што едноставно немам такви во близина. Колку што разговарав со луѓе, а разговарав со доста за време на карантинот, не забележав дека мекој рече дека му е проблем да работи нешто друго освен пеење. Тоа се предрасуди – заклучи Цетински.

Поврзани вести

Три хороскопски знаци кои никогаш не се предаваат

Десет познати филмови од деведесетите кои сите ги сакаат

Во 2020 овие 6 хороскопски знаци ги очекува преголема среќа

Елена Даскалова

Лејди Гага: Секој ден размислувам за самоубиство (ВИДЕО)

Влатко Зорба

4 хороскопски знаци кои не веруваат во хороскоп

Елена Даскалова

Дани Алвеш ја фотографираше сопругата само по чорапи (ФОТО)

Влатко Зорба