Забава

Саша Барон Коен го „насамари“ и Руди Џулијани, тој му викна полиција

Поранешниот градоначалник на Њујорк и сегашен адвокат на Доналд Трамп, Руди Џулијани, во вторникот дојде во хотел во Менхетен, очекувајќи сериозно интервју за коронавирусот.

Сепак, тој беше пречекан од актерот Саша Барон Коен, облечен во бикини.

Како што рече Џулијани, тој се согласи на интервју за реакцијата на Белата куќа на пандемијата. Тој најпрво беше пречекан од жена која му постави неколку прашања, кога сè тргнало во друга насока.

„Тој човек влезе внатре, облечен во луда, јас ќе го наречам розова, трансродна облека. Тоа беше розово бикини, со чипка. Изгледаше апсурдно. Имаше брада, голи нозе и тој не беше тоа што јас би го опишал како привлечно“, рече Џулијани.

Како што вели, не сфатил веднаш дека момчето што „вреска и вика“ е славен актер.

„Мислев дека е измама, па ја повикав полицијата. Момчето избега“, рече тој.

Сведоците рекоа дека го виделе Коен како бега од хотелот во бањарка. Полициските службеници дојдоа, но не тргнаа во потрага по актерот кој стана светски познат со филмот „Борат“.

„Се чувствував добро затоа што тој не изневери“, се пофали Џулијани и додаде дека е обожавател на „Борат“.

Поврзани вести

Кендал и Кајли Џенер обвинети за кражба

Бандерас искрено прозборе за поранешната сопруга

user2

Адам Сендлер им покажа на папараците што мисли за нив

Елена Даскалова

Му понудил на момче 10.000 долари или мистериозен клуч – го одбрал клучот

Stefanija Kuzmanovska

Тијана објави хит-слика на Инстаграм со перика и машки костум

Хороскопски знаци кои тешко го забораваат поранешниот партнер

Кристина Денесовска