Забава

Сатанистичката црква: Лејди Гага не е сатанист

Корисникот на Твитер, Томи Џи, на својот профил даде 31 аргумент, со кои се обиде да „докаже“ дека Лејди Гага е всушност сатанист и дека тоа е очигледно.

„Потребни се околу три секунди за да ја пронајдам врската помеѓу Лејди Гага и сатанизмот на Google. Јас нема да губам време за тоа колку симболика има во нејзините настапи, но ќе се обидам да откривам неколку помалку познати работи“, започна тој.

Во последователните постови, Томи Џи ја асоцира Лејди Гага со перење мозок, нарекувајќи ја „марионета на Илуминатите“, велејќи дека е „идеален пример за поп sвезда контролирана од Илуминати“.

Тој, исто така, забележува дека некои нејзини видеа имаат 720 милиони прегледи, што значи дека таа ги контролира умовите на милиони луѓе, а нејзиниот ум го контролира некој друг. Има сè и сешто.

И покрај фактот дека овие откритија веројатно беа замислени како нешто што не треба да се сфаќа премногу сериозно, сепак, интересно е што сатанистичката црква се огласи на Твитер.

„Потребни се околу три секунди да се открие на Google дека не постои поврзаност помеѓу тоа што го напиша и сатанизмот, така што нема да трошиме време да ви објасниме во 20 дела зошто изгледате како неук теоретичар на заговор“, напишаа тие на својот профил на Твитер.

Поврзани вести

Актерот Милан Калиниќ покажа колку му е тешка изолацијата (ВИДЕО)

Крај на серијата Вовед во анатомија?

Православните верници денеска го слават Свети Јован

Враќање во минатото: Вонбрачниот син на Шварценегер „копија“ на актерот

Влатко Зорба

Пејачот на Рајмштајн нема коронавирус

Том Хенкс за борбата со коронавирусот: На Рита и беше многу потешко од мене

Влатко Зорба