Забава

Се омажи Скарлет Јохансон!

Актерката Сарлет Јохансон (35) минатиот викенд се омажи за американскиот комичар Колин Јоста (38), по двегодишна врска.

Добрата вест беше објавена на социјалните мрежи на хуманитарната организација „Meals on Wheels“, каде се наведува дека парот се венчал на интимна церемонија на која присуствувале само најблиските членови на семејството и пријателите.

За време на церемонијата биле преземени сите пропишани мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, а во соопштението беше потенцирано дека младенците им порачуваат на обожавателите кои ја слават нивната венчавка да го сторат тоа со донирање пари во хуманитарни цели.

– Нивната желба на венчавката беше да им помогнат на старите лица во ова тешко време – пишува во публикацијата на споменатата страница, во чиј опис има линк за донацијата.

Инаку, Скарлет беше во брак со Рајан Рејнолдс од 2008 до 2011 година и од 2014 до 2017 година со новинарот Роман Дауријак, со кого ја има ќерката Роуз Дороти (6).

Да потсетиме, магазинот Форбс ја прогласи Скарлет за најплатена актерка во 2019 година, откако заработи 56 милиони долари.

Поврзани вести

Рита Ора и Дуа Липа донираа за жртвите од земјотресот во Албанија

Елена Даскалова

Кети Холмс и нејзиното 8-години помладо момче фотографирани во метро (ФОТО)

Влатко Зорба

Роуз Мекгоун: Активизмот на Натали Портман е погрешен и бизарен

Елена Даскалова

„Невидливиот човек“ е првиот хорор хит за оваа година

Таткото на актерката од „Трансформери“ почина од коронавирус

Елена Даскалова

Ана Ивановиќ практикува јога во изолација

Влатко Зорба