Забава

Се појави првиот трејлер за „Тесла“ (ВИДЕО)

Биографскиот филм „Тесла“ со Итан Хок во улога на Никола Тесла треба да се појави во кината „на барање“ од 21 август, а сега штотуку е објавен трејлерот од филмот во режија на Мајкл Алмерида, во кој глумат Кајл Меклахлан и Ив Хјусон.

Филмот прикажува некои од најголемите патенти на Никола Тесла, вклучувајќи наизменична струја и славниот трансформатор, а приказната следи сè што се случило меѓу неговите пронајдоци, пишува „Холивуд репортер“.

Ова достигнување премиерно е прикажано на Фестивалот „Санденс“ и доби одлични критики, а судејќи според трејлерот, станува збор за неконвенционално прикажана биографија.

„Светот во кој живееме е сон, што Тесла го сонуваше прв“, вели еден од протагонистите во продукцијата.

Поврзани вести

50 Цент се шегува за мамењето на сопругата на Вил Смит

Влатко Зорба

Славеникот Арчи во прегратките на неговата мајка Меган чита „Патка! Зајак“ (ВИДЕО)

Беше ѕвезда во познатата серија, а денеска е непрепознатлива

Елена Даскалова

Девојката на Ди Каприо го прослави 23-тиот роденден (ФОТО)

Позната порно актерка се соблече гола пред свршеникот, неговата реакција е урнебесна (ВИДЕО)

Три хороскопски знаци кои никогаш не се предаваат