Забава

Се породи Џиџи Хадид, објавени првите фотографии од бебето

Џиџи Хадид и нејзиниот партнер Зејн Малик станаа родители на здраво девојче, а среќната вест ја споделија со милиони обожаватели на социјалните мрежи.

„Нашето мало девојче ни се придружи овој викенд и веќе го промени нашиот свет. Толку сум заљубена“, напиша Џиџи под црно-белата фотографија на која бебето цврсто ја држи за палецот.

Зејн сподели слична фотографија на својот профил.

„Невозможно е да се опише со зборови како се чувствувам. Љубовта која ја чувствувам кон ова мало суштество е над моето разбирање. Благодарен сум што ја запознав, што можам да ја наречам своја и на животот кој ќе го имаме заедно“, напиша Зејн.

Фотографијата на која се гледа само раката на нивното бебе, веќе е на добар пат да ги собори рекордите на Инстаграм. За само два часа собра повеќе од 4,5 милиони лајкови и 90.000 коментари.

Поврзани вести

Гледачите одлучија: Ова е најдобриот филмски лик на сите времиња

Stefanija Kuzmanovska

Рита Вилсон: Преживеав и рак и ковид-19

Овие четири хороскопски знаци имаат златно срце

user2

Долф Лундгрен се жени со 24 годишна фитнес инструкторка

Влатко Зорба

Емили Ратајковски стана плавуша, фановите разочарани (ВИДЕО)

Како изгледа милијардерката Кајли Џенер без фотошоп и шминка? (ФОТО)

Влатко Зорба