Забава

Се жени синот на Дејвид и Викторија Бекам

Синот на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин, е познат на јавноста по тоа што честопати менува партнери. Сепак, како што пренесува „Мирор“, тој решил да и предложи брак на сегашната девојка Никол Пелц.

Тој им ја открил добрата вест на своите пријатели, а сите тврдат дека двајцата се пресреќни во романсата што им се случила.

Иако на почетокот на врската, Дејвид и Викторија биле против нивната убов, двајцата сепак дадоа благослов.

„Дејвид и Викторија го дадоа својот благослов за оваа врска. Ова е многу возбудлив период за целото семејство и се радуваат што по бурните врски нивниот син конечно се врати на нозе“, открива извор близок на парот.

Потсетуваме, парот ја откри својата врска во јануари, и тие се заедно околу девет месеци.

View this post on Instagram

My best friend forever ❤️

A post shared by 🇬🇧 (@brooklynbeckham) on

Поврзани вести

Тијана Дапчевиќ: Не е срамота да се копаат компири

Влатко Зорба

Изгубивте желба за партнерот? Ова се можните причини за тоа

Елена Даскалова

Луксузната вила од 18 милиони долари во која живеат Принцот Хари и Меган Маркл (ФОТО)

Кортни Кокс ќе ја повтори својата улога во продолжението на „Врисок“

Влатко Зорба

Неделен хороскоп за период од 2 до 8 март

Дизајнерот Максвел подарува венчаници за оние кои морале да ја одложат венчавката