Забава

Селена Гомез во посета на психијатриска установа

Пејачката и актерка Селена Гомез изјави дека неодамна посетила психијатриска болница, каде и било дијагностицирано биполарно заболување.

За Селена се шпекулираше дека се бори со вознемиреност и депресија до сега, а во 2016 година престана да настапува за да ги реши паничните напади.

Таа сега рече дека конечно ја дознала вистинската причина за депресијата и вознемиреноста со која се бори со години.

„До сега, не бев свесна за тоа што се случува со мене. Сега, кога конечно ги имам сите информации, тоа ми помага и знам што да правам. Кога бев помлада, многу се плашев од грмотевици, па мајка ми ми купи многу книги за тоа како се создаваат. Таа ми рече: „Колку повеќе знаеш за тоа, толку помалку ќе се плашиш“. И функционираше. Истото важи и за овој мој проблем“, изјави Селена за западните медиуми.

„Јас сум девојка од Тексас, а таму не се зборува за менталното здравје. Треба да изгледаш кул во тој поглед. Така кај децата и тинејџерите се насобира лутина“, објасни таа зошто претходно не обрнала внимание на оваа ментална болест.

Селена, исто така, страда од лупус, а во 2017 година, нејзината пријателка и колешка Франсиа Раиса и донираше бубрег.

Поврзани вести

Деми Ловато со емотивен настап на Греми наградите (ВИДЕО)

Елена Даскалова

Особините кои ги красат најпривлечните луѓе

Кристина Денесовска

Флојд Мејведер во агонија поради смртта на поранешната сопруга

Психолошки профил на родените во знакот Близнаци

Елена Даскалова

10 животни принципи на секој хороскопски знак

Елена Даскалова

Џон Траволта сè уште одлично го игра танцот од „Ефтини приказни“

user2