Забава

Селена повеќе не бара „Дечко“ (ВИДЕО)

„Кажете ми дали остана некој што чини, постојано налетувам на погрешните“, пее младата пејачка Селена Гомез во своето ново видео за „Дечко“. Дури и овој пат приказната за принцот не помина без жаби.

Додека таа пее дека бара љубов и дечко, Селена Гомез се занимава со жаби, па нема сомнение дека некој од обожавателите на пејачката помислил дека ќе биде потребно да бакне многу жаби за да стигне до принцот.

Од друга страна, иако таа постојано вели дека сака да најде партнер, Селена ги претвора во жаби и единствената работа што и преостанува после низата состаноци се само тие, односно жаби. Спотот ја заинтригира јавноста, што потврдува повеќе од 15 милиони прегледи на Јутјуб за помалку од три дена од објавувањето.

Популарната пејачка и актерка откри дека стиховите на оваа песна се напишани врз основа на порака испратена до нејзини пријателки.

„Животот е одличен, сакам да имам дечко“, се чита во текстот на пораката која заврши во новиот хит на Гомез. „Сакам дечко, но не ми треба за да бидам среќна“, рече 27-годишната Американка.

Поврзани вести

Во 2020 овие 6 хороскопски знаци ги очекува преголема среќа

Елена Даскалова

Британска водителка пронајдена мртва во својот стан

Кристина Денесовска

Серена Вилијамс гуглала за момчето и ги дознала тајните од неговото минато

user2

Сем Смит плаче во карантин (ФОТО)

Меган Маркл и Хари имаат преслатки прекари еден за друг

Кристина Денесовска

Се самоуби креаторот на серијата „Грдата Бети“