Забава

Селин Дион ја доби својата прва филмска улога

Селин Дион ќе се појави во новата романтична драма „Text for You“, во која ќе соработува со Сем Хуан и Пријанка Чопра Џонас, пишува „Варајети“.

Овој филм е римејк на германскиот филм „SMS Fur Dich“, базиран на книгата на Софи Крамер.

Заплетот на филмот ја раскажува приказната за жена која по трагичната смрт на нејзиниот сопруг продолжува да испраќа пораки на неговиот стар телефон. Наскоро открива дека бројот сега го користи човек кој живее од другата страна на градот, и кој исто така страда од невозвратена убов.

За режијата на оваа продукција е задолжен Џим Штраус, а за продукцијата се Бејзил Ајваник, Ерика Ли и Естер Хорнштајн.

Селин Дион влезе во историјата на филмот кога ги сними песните „Beauty and the Beast“ за анимираниот филм на „Дизни“ и „My Heart Will Go On“ за „Титаник“, иако никогаш не глумеше.

Поврзани вести

ОВИЕ 3 знаци живеат најдолго: Проверете дали сте меѓу оние кои ги очекува долг и среќен живот

Берта Китинска

Четири филмови кои беа на прво место од Бокс офисот со месеци

user2

Популарни личности кои се бореле со депресијата

Елена Даскалова

Карлеуша повторно го запали Инстаграм: Го чисти својот базен во зелено бикини (фото)

Никола Поповски

Сега знаеме како Меконахи изгуби 20 кг за улога

Stefanija Kuzmanovska

Стивен Кинг изнесе тешки овиненија за Оскарите