Забава

Сем Смит мета на хомофоби затоа што сака да стане мајка

Пејачот Сем Смит не престанува да предизвикува реакции во врска со неговата сексуалност. Во неодамнешното интервју, тој изјави дека сака да биде „мама“, по што беше нападнат од хомофоби преку социјалните мрежи.

Популарниот пејач во едно неодамнешно интервју изјави дека „сака да биде мама“, а корисниците на социјалните мрежи брутално го нападнале после тоа.

„Сакам деца, го сакам сето тоа. Сакам да бидам со децата и да ги гледам како растат и да бидам со нив секој ден. Сакам да бидам мама. Дефинитивно ќе го сторам тоа во одреден момент, иако сè уште сум премногу амбициозен“, рече тој во неодамнешното интервју за Зејн Лоу од „Епл Музик“.

Музичарот по ова интервју беше нападнат од корисниците на Твитер. Го обвинуваат дека само привлекува внимание со ваквите свои изјави. Сепак, некои застанаа во негова одбрана.

„Луѓето можат да бидат небинарни и да имаат женски и машки афинитети“, е еден од коментарите.

„Чекај, луѓето се навистина вознемирени од ова? Децата на Сем Смит ќе ги викаат своите родители како сакаат, и тоа не е ваша грижа. Одвратно е како некои луѓе се однесуваат на Интернет “.

„Вистинско изненадување, објавите за Сем Смит се полни со трансфобија и хомофобија затоа што тој рече дека сака да стане родител“, иронично додаде друг корисник.

Поврзани вести

Џин Симонс објави фотографија од својот појадок со која ги згрози фановите

Член на бендот Бон Џови објави дека е заразен со коронавирус

Џоли пишува книга за човековите права во соработка со „Амнести Интернешнл“

Влатко Зорба

Најсреќната жена на светот: Во ист ден го победила ракот и добила на лото

Месечен хороскоп за декември 2020 година: Астро прогноза за љубов, работа и здравје

Берта Китинска

Трачевите и приказните не ја интересираат: Меган Маркл ги избриша сите профили на социјалните мрежи

Никола Поповски