Забава

Северина позитивна на корона, синот изолиран од неа

Пејачката Северина Којиќ на Инстаграм објави дека е позитивна за коронавирус, додека нејзиниот син Александар добил негативен тест.

„Иако немам никакви симптоми, денес добив потврда дека сум позитивна за КОВИД 19, додека тестот на мојот син е негативен. Веднаш утрово, по контакт со епидемиолог, ги преземав сите мерки, веднаш го известив таткото на детето, а во договор со таткото го предадов два дена пред назначениот датум, да ја помине самоизолацијата со него, без оглед на негативниот тест“, напиша Северина и продолжи: „Заради заедничка заштита на приватноста и избегнување на стигматизација на детето, исто така го прашав и таткото за дискреција. Сепак, 20 минути откако таткото го презеде детето, во српските медиуми се појави веста дека сум заразена „откако сум се журкала по Далмација со детето“.

Северина откри и како се заразила и испрати апел.

„Значи, да, имам позитивен тест, немам никакви симптоми, се заразив од блиска личност, најверојатно по враќањето во Загреб, а не за време на мојот летен одмор во Далмација. Бидејќи таа личност вчера доби позитивен тест, мојот син и јас веднаш отидовме на повторно испитување затоа што нашиот прв тест беше негативен и за нас. Апелирам до медиумите, особено во Србија, да се воздржат од објавување невистинити, непроверени, односно фабрикувани информации “, рече пејачката.

View this post on Instagram

Premda nemam nikakve simptome, danas sam dobila potvrdu da sam pozitivna na COVID 19, dok je test moga sina negativan. Odmah jutros, nakon kontakta s epidemiologom, poduzela sam sve mjere, promptno izvijestila oca djeteta te u dogovori s ocem predala ga dva dana prije određenog termina, da samoizolaciju provede s njim, bez obzira na negativan test. Kako bismo zajednički zaštitili privatnost i izbjegli stigmatizaciju djeteta, ujedno sam zamolila oca za diskreciju. Međutim, 20 minuta nakon što je otac preuzeo dijete, u srbijanskim se medijima pojavila vijest da sam zaražena 'partijajući po Dalmaciji s djetetom'. Dakle, da, imam pozitivan test, nemam simptome, zarazila sam se od bliske osobe, vjerojatno po povratku u Zagreb, a ne tijekom ljetovanja u Dalmaciji. Budući je ta osoba jučer dobila pozitivan test, odmah smo sin i ja išli na ponovno testiranje, jer je naš prvi nalaz bio za oboje negativan. Apeliram na medije, posebno u Srbiji, da se suzdrže od objava neistinitih, neprovjerenih, odnosno izmišljenih informacija.

A post shared by Severina (@severina) on

Поврзани вести

Моника Белучи снимена со поранешниот сопруг во Италија

Влатко Зорба

Кристијано во карантин, а Георгина на шопинг

Што ќе се случи со Евровизија?

Нова перспектива на старите и добри Дизни-приказни

user2

Цеца и Вељко се јавија од изолација (ВИДЕО)

Канје Вест: Ќе го поразам Џо Бајден на изборите

Влатко Зорба