Забава

Шарлиз Терон: Сите треба да бидеме феминистки

Американската продуцентка и актерка Шарлиз Терон со години е посветена на правата на жените, па затоа често зборува на разни собири на оваа тема, со цел да се подигне свеста кај жените, осврнувајќи се на феминизмот.

Шарлиз сега присуствуваше на проекцијата на новиот дел на „Луд Макс“ во „драјв ин“ кино во Лос Анџелес и го повика општеството да им даде на жените поголеми права.

Таа се појави на овој настан во целосно опуштено издание, во обични фармерки, патики и црна маица, на која беше напишана пораката: „Сите треба да бидеме феминистки“.

Патем, Шарлиз неодамна изјави дека никогаш не сакала да се омажи, но истакна дека никогаш не се чувствувала осамена заради тоа.

„Никогаш не сакав да се омажам. Никогаш не беше нешто што ми беше важно. Се колнам во животот на моите деца, никогаш не сум била осамена или се чувствував осамено. Нема место во мојот живот за романтична врска во моментот. Уживам да ми „местат“ мажи, но не верувам дека некогаш ќе бидам подготвена да живеам со некого. Да бидам потполно искрен, некој веројатно ќе мора да купи куќа до мојата. Јас сум премногу стара за такви работи“, рече Шарлиз.

Поврзани вести

Поранешната девојка на Ал Пачино ја откри вистинската причина за раскинувањето

Кристина Денесовска

Кралицата ја вработи поранешната шефица на ПР на Меган и Хари

Кортни Кардашијан го напушта релното шоу на фамилијата

Поради коронавирусот Мадона и Мајли ги откажаа настапите

Легендарниот фестивал требаше да прослави 50 години постоење: Откажан и Гластонбери

Авторот на „Гладијатор“ и „Осмиот патник“ има нова серија: Ќе се наежите од трејлерот

Stefanija Kuzmanovska