Забава

Шон Конери помина 45 години со иста жена

Во свет каде што односите и браковите се потешко се преживуваат, парот што останал заедно 45 години изгледа скоро надреално. Шон Конери и Мишелин Рокбрун Конери го делеа и доброто и злото.

Шон и Мишелин се сретнаа во 1970 година во Мароко на вечера одржана по повод турнир во голф, но ништо не беше како на филм. Тие почувствуваа искра, но во тој момент и двајцата беа свежо разведени.

Всушност, Мишелин веќе се разведе, а Шон го привршуваше процесот на развод. Ноќта кога се сретнале, таа фантазирала за него, но не верувала дека можат да бидат заедно. Покрај Шон, таа чувствувала мир, знаела дека е посебна, па наутро отишла повторно на турнирот и повторно се сретнала со него.

Сепак, нивната приказна е далеку од бајка. Во тој период им било тешко да се видат, тие живееле на различни места. Мишелин сè уште живеела со своите деца во Северна Африка.

После тој состанок, ништо не се случувало две години, а потоа Мишелин добила порака од Шон кој се јавил да се видат во Марбеља.

Јазичната бариера не им претставувала проблем иако тој не зборувал француски, а таа едвај зборувала англиски. Така, тие научиле да комуницираат на свој начин, на љубовниот јазик.

Во 1975 година, тие разменија завети.

Кога конечно се обединија, тие веќе не се разделија во следните 45 години.

„Мишелин е неверојатна жена. Таа е љубовта на мојот живот “, рече актерот во една прилика.

Поврзани вести

Најпопуларниот музички пар прошета во „пижами“ (ФОТО)

Stefanija Kuzmanovska

Мајли Сајрус хоспитализирана

user2

Лана дел Реј ја откажа турнејата, го изгубила гласот

Кристина Денесовска

Мешање во странски избори: Дали Кралицата ќе ѝ ја одземе кралската титула на Меган Маркл? (фото)

Никола Поповски

Џенифер Анистон потврди: „Пријатели“ се враќаат (ФОТО)

Влатко Зорба

Ким Кардашијан го покажа огромниот задник и екстремно малиот струк (ВИДЕО)