Забава

Скромно: Мајкл Китон вели дека тој бил најдобриот Бетмен (ВИДЕО)

Мајкл Китон поседува многу доблести, но се чини дека скромноста не е една од нив, бидејќи изјави дека е најдобриот Бетмен.

Китон го играше Темниот витез во успешните филмови на Тим Бартон од 1989 и 1992 година, а сега се појави кај Џими Кимел да одговори за гласините кои кружат дека тој ќе се појави во претстојниот филм „The Flash“, покрај Бен Афлек.

Иако не можеше да даде конечен одговор, тој откри дека во моментов е во преговори за предметниот проект.

После тоа, водителот Кимел му постави прашање – кој е најдобриот Бетмен, на што Китон едноставно одговори:

– Јас!

На прашањето дали тој сè уште поседува костум на Бетмен, Китон рече дека го носи секогаш кога ќе ја изгуби самодовербата, па затоа мора да се потсети дека тој е, всушност, Бетмен.

– Се вовлекувам во костумот секогаш кога ќе се чувствувам несигурно. Малку шетам низ населбата во него – додаде Китон.

Премиерата на СФ акцијата The Flash треба да се одржи во 2022 година.

Поврзани вести

Деца го уништија најголемиот стаклен замок на светот (ВИДЕО)

Оригиналната верзија на Петар Пан ја открива неговата мрачна страна

Кристина Денесовска

Уште една актерка заразена: Не патував, но користев метро, бев на козметичар…

Најдобрата пријателка на Витни Хјустон конечно ја призна нивната врска

Прва фотографија од Никол со новото момче (ФОТО)

Елена Даскалова

Ким Кардашијан облече прекрасен фустан, но ги згреши чевлите

Елена Даскалова