Забава МАГАЗИН

Тамара Тодевска ги истетовира стиховите од химната (ФОТО)

Македонската пејачка Тамара Тодевска јавно призна дека ненамерно направила грешка при интонирањето на химната и дека планира да ги истетовира стиховите, денеска таа и тоа го направи.

Имено таа на својот Инстаграм профил сподели две фотографии од новата тетоважа на која се испишани имињата на македонските револуционери Гоце Делчев, Пити Гули и Даме Груев Сандански.

„Грешката беше ненамерна и уште повеќе ме боли кога некој не ми верува. Верувам дека тоа со тек на времето ќе избледи. Ќе ја истетовирам химната, баш онаа строфа што ја заборавив“, изјави  Тодевска во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ .

За потсетување Тамара  на 4 јули минатата годинаа на прием во Американската амбасада ја згреши македонската химна. Оваа  погрешна верзија ја има испеано и  на  фудбалскиот натпревар на македонската репрезентација со Белгија во Скопје во март 2013 година.

Поврзани вести

Филмот Pretty Woman слави 30 години од премиера

Награди на критичарите: Најдобрите филмови за изминатата година

Дрејк ја објави првата фотографија со својот син

Забава во СКАрантин: Суперхикс повторно одушевија и од карантин со нова песна и спот

Алиша Кис му дозволила на својот син да си ги излакира ноктите

Што се случува со фустаните на ѕвездите по Оскарите?

Елена Даскалова