Забава

Викторија Бекам има колекција од 15 прескапи прстени

Викторија и Дејвид Бекам славеа 21 година брак минатиот викенд, но со текот на годините, славнaтa дизајнерka собра значителен број веренички прстени, пишува Вог.

Таа на својот Инстаграм објави видео компилација на споделени слики и моменти со зборовите:

„Среќна годишнина! Не можам да верувам дека поминаа 21 година откако рековме „да“. Четири деца, четири кучиња, многу смеа и те сакам се повеќе и повеќе секој ден! “

Поранешниот фудбалер и предложи на поранешната пејачка со голем дијамант на златен прстен, но тоа беше само почеток на нејзината приватна колекција на гламурозни украси што и ги поклонува за годишнината од бракот.

Непосредно по венчавката на парот во Ирска, на 4 јули 1999 година, Викторија се префрли на платинаст прстен на четвртиот прст на левата рака, и од тогаш става прстени со рубини, смарагди, сафири, но и неизбежни дијаманти.

Дејвид и дава нов прстен од време на време, а една од најскапите е секако креацијата со розов дијамант што ја доби за својот 30-ти роденден, чија цена е околу еден милион и двесте илјади долари.

Нејзината приватна колекција во 2007 година, исто така, вклучува и убав прстен сосмарагд.

Познатата модна дизајнерка, исто така, сака сафири, а Дејвид го даде ова големо парче накит во 2010 година.

Нејзината колекција исто така вклучува голем дијамант во форма на солза со 17 карати.

Прекрасен прстен со бели и жолти дијаманти, Дејвид и подари на Викторија пред две години, на 19 години брак.

Поврзани вести

Есента има позитивно влијание на човечкиот мозок

user2

Дизајнерот Максвел подарува венчаници за оние кои морале да ја одложат венчавката

Познатата актерка имала сообраќајка, џипот целосно уништен

user2

Позната порно актерка се соблече гола пред свршеникот, неговата реакција е урнебесна (ВИДЕО)

Орландо Блум откри дека бил во целибат шест месеци пред да започне врска со Кејти Пери

Донатела Версаче донираше 200.000 евра за борба против коронавирусот