Забава

Викторија Бекам отворено зборуваше за својот сексуален живот

Со текот на годините, дизајнерката и поранешна „спајсица“ Викторија Бекам во интервјуа зборуваше за нејзината врска со нејзиниот сопруг Дејвид Бекам. Во некои таа премногу кажуваше и откри бројни зачинети работи од нивниот сексуален живот.

Викторија и Дејвид се во брак од 1999 година и имаат четири деца. Викторија откри дека имале соба за игри во првиот дом, која, наводно, личела на будоар за куртизани, со леопард принт и огледала на таванот. Нивната спална соба била девствено бела, со голем даб кревет среде собата, а Викторија во многу интервјуа сугерираше дека воопшто не спие.

Таа исто така прокоментира дека често не носи ништо во кревет, но Дејвид и купил колекции на заводлива долна облека што ја носела заради него.

Покрај тоа, кога Дејвид бил модел за Армани, без срам коментираше за тоа како изгледал нејзиниот сопруг кога бил полугол.

– Огромен е. Огромен, огромен. Ако изгледав исто, ќе шетав по улица во гаќички – рече гордата дизајнерка, додавајќи дека е среќна што тие сè уште имаат добар сексуален живот.

Поврзани вести

Каде е денеска најмалиот син на Мајкл Џексон?

Елена Даскалова

Птица собори американска противтенковска ракета (ВИДЕО)

Канадските медиуми против Меган и Хари

Овие 4 хороскопски знаци можат да ве избришат од животот без грижа на совест

Елена Даскалова

Забава во СКАрантин: Суперхикс повторно одушевија и од карантин со нова песна и спот

Бијонсе: Коронавирусот ги убива Афроамериканците со алармантна брзина

Влатко Зорба