Забава

Вин Дизел стана пејач: Издаде сингл со познат диџеј

Актерот Вин Дизел реши да пее во соработка со норвешкиот диџеј Кајго, со кого го претстави својот прв сингл „Feel Like I Do“.

„Одамна најавував дека ќе започнам со музика. Вие ме охрабривте да излезам од сопствената зона на удобност. Ви благодарам што ми верувате. Како и секогаш, се надевам дека ќе бидете горди“, прокоментира актерот.

Песната веќе предизвика бројни коментари.

„Не е лошо. Но, оваа 2020 година е навистина луда кога и Вин запеа“, е еден од коментарите.

Инаку, актерот привлече внимание во 2013 година кога за Денот на заљубените ја отпеа песната на Ријана „Stay“. Во тоа време, обожавателите се шегуваа дека „мачо“ тип пее „поп-песни“.

Секако, Дизел продолжува да снима филмови, а на почетокот на годината се појави во главната улога во акциониот филм „Bloodshot“.

Поврзани вести

Хајли Бибер на духовит начин одговори на гласините за бременоста

Ковердејл сними „Коронавирус блуз“

Војвотката од Сасекс конечно на средба со татко си, но на суд

user2

Никајла Ривера се огласи по скандалозната слика на која се држи за рака со мажот на починатата сестра

Александар Петровски

Ријана провоцира во секси долна облека (фото)

Никола Поповски

Дали Симпсонови го предвиделе и Дритан Абазовиќ? (ФОТО)

Александар Петровски