Забава

Во светот на ботовите: „The Hater“ е посветен на антихероите на новото време (ВИДЕО)

Филмот „The Hater“ носи приказна за лицемерен млад човек, кој благодарение на паметните тактики, станува многу успешен во мрачниот свет на социјалните мрежи.

Уште еден успешен проект на „Нетфликс“ доаѓа од Полска и носи немилосрдна филмска приказна за ужасните нагони што ги поседува човечката раса. Филмот, во режија на Јан Комаса, го претставува Интернет тролот Томас, кој го игра на Мачеј Музиаловски, кој студира право во Варшава и се обидува да го освои срцето на симпатијата од детството со тоа што стана невидлив дигитален советник, кој има за задача да уништи политичка партија фаворизирана од нејзиното семејство.

Тој многу брзо ќе се соочи со реалниот живот, последиците од виртуелниот живот и насилството.

Откако ќе создаде хаос меѓу полските фитнес инфлуенсери, Томас ќе се лизне во дигиталниот свет полн со исламофобични моќни луѓе. Тој ќе стане нивниот менаџер на лажни вести на социјалните мрежи, а ќе биде и одговорен за кодирана комуникација во рамките на игра со еден млад човек кој е несреќен, живее со својата баба и кој е опседнат со оружје. Филмот е за гадните пориви и за луѓе кои се подготвени да „газат преку живи луѓе“ за да добијат некоја слава.

„The Hater“ е всушност продолжение на филмот на Комаса во 2011 година, наречен „Собата за самоубиства“ (The Suicide Room), во која се раскажува приказната за тинејџерка чиј живот се впушта во катастрофа кога видео од неа, како се бакнува со друго момче, станува вирално.

Поврзани вести

Карлеуша повторно го запали Инстаграм: Нејзиниот фустан повеќе открива отколку што покрива (фото)

Никола Поповски

Алиша Кис, Џон Леџенд и Ашер ќе пејат на концертот во чест на Принс

Режисерт откри како ќе изгледа Роберт Патисон во улогата на Бетмен

Кристина Денесовска

Гвинет Палтроу кон Роб Лоу: Жена ти ме научи на добар орален секс

Влатко Зорба

Емили Ратајковски чека бебе: Се соблече целосно гола и покажа дека бремените жени може да бидат привлечни (видео)

Никола Поповски

Елтон Џон доби тужба од неговата поранешна сопруга

Влатко Зорба