Забава

За Џеј Ло не важи забраната: Специјално отворена фитнес-сала во време на корона криза (ФОТО)

Додека трае изолацијата поради коронавирусот, луѓето ширум светот мораат привремено да се откажат од старите навики, како на пример, одење на кафе, на филмови, на плажа, но и во фитнес-сала. Сепак, тие забрани очигледно не важат за сите, барем не за Џенифер Лопез (50).

Латино дивата не престанува да тренира и за време на карантинот. Папараците ја „фатија“ пред теретаната во Мајами во која вообичаено оди, а нејзиниот вереник Алекс Родригез (44) дојде со неа.

Пејачката беше затегната во црвени хулахопки и го привлече вниманието со црвен топ, истакнувајќи ги нејзините карактеристични атрибути. Имаше врзана коса и носеше очила за сонце.

Но, она што е интересно е дека салата, заради пандемија од коронавирусот, воопшто не работеше. Натписот беше видлив на вратата: „Салата не е отворена. Остани дома безбеден“.

Како што објавија американските медиуми, иако сите спортски сали биле затворени, тие само ја отвориле оваа за приватни цели на Лопез. Таа го заврши тренингот и со тоа ја налути американската јавност.

– Само за богатите и славните! Ова е срамно, значи сè може кога се плаќа? А сите ние сме дома, беше само еден од коментарите на социјалните мрежи.

Атрактивната Џенифер не обрнува внимание на ваквите коментари, туку само се насмевнува, тренира крева тегови, покажувајќи витка линија на која може да и позавидуваат помлади колеги.

Поврзани вести

Мадона: Трамп не го сфаќа сериозно коронавирусот

Елена Даскалова

Принцот Вилијам загрижен за здравјето на татко му, Хари тешко ја поднел веста

Шест фактори за долговечноста и виталноста на кралицата Елизабета

Елена Даскалова

Младенци, празник на љубовта и бракот

Харви Вајнштајн ја критикувал Џенифер Анистон

Актерката го обвини поранешното момче за инцест и малтретирање