Забава

Зак Ефрон во римејкот на „Три мажи и бебе“

Актерот Зак Ефрон официјално ќе биде дел од римејкот на хит-комедијата „Три мажи и бебе“, која ја имаше својата премиера уште во 1987 година.

Новиот филм ќе биде снимен во продукција на „Дизни +“, но режисерот сè уште не е избран. Единствената позната информација е дека сценариото е напишано од Вил Рејчел, кој претходно работеше на реализација на „Hot Air“.

Фактот дека Зак Ефрон ќе биде дел од актерската екипа е паметен потег од продукцијата. Ефрон стана познат преку каналот „Дизни“ во телевизискиот филм „High School Musical“ и стана тинејџерска сензација преку ноќ. Со оваа одлука, продукцијата веројатно смета на помладите гледачи, што би можело да ја приближи приказната за генерацијата на нивните родители.

Оригиналниот филм ја следи приказната за тројца сингл мажи кои мораат да се грижат за бебе оставено на нив од страна на поранешната девојка на еден од нив. Филмот ги освои срцата на публиката, но и постигна огромен комерцијален успех. Вкупната заработка беше 240 милиони долари со „скромен“ буџет од 11 милиони американски долари.

Актерското трио на Том Селек, Стив Гутенберг и Тед Денсон се врати во продолжението на овој филм наречен „Три мажи и мала дама“ во 1990 година, и иако филмот исто така заработи добри пари, оригиналната приказна сепак е омилена кај публиката.

Поврзани вести

Поради коронавирусот, славни затвореници бараат помилувања

Крис Еванс со совет за секој во изолација: Земете си куче!

Влатко Зорба

Армани донираше пари, но сега прави нешто похумано зо борбата против коронавирусот

Ѓоковиќ веќе не е пештерски човек, тврди неговата сопруга Јелена (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Шефот на Викторија Сикрет ја вознемирувал Бела Хадид

Пенелопе Круз и Виона Рајдер во одбрана на Џони Деп