Забава

Жешкото лето на Јелена Карлеуша (ФОТО)

Српската пејачка Јелена Карлеуша е една од најголемите регионални sвезди на Инстаграм. Покрај тоа што има над два милиони следбеници, нејзините фотографии на оваа мрежа достигнуваат и неколку стотици илјади лајкови.

Бидејќи е многу активна на Инстаграм, Карлеуша главно комуницира со својата публика преку оваа мрежа и често објавува фотографии од нејзиното секојдневие.

Сепак, она што е најимпресивно на нејзиниот профил се провокативните фотографии во костуми за капење, но и во провокативни комбинации кои знае да ги претстави во свој стил.

View this post on Instagram

Supreme yenge 😎✌🏻🇹🇷

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Таа е позната по тоа што сака да провоцира, па на една од последните објавувања ја скокоткаше имагинацијата на мажите. Јелена беше фотографирана како седи покрај базенот со раширени нозе, во минијатурна долна облека.

До неодамна, Јелена со своите ќерки летуваше во Турција, од каде редовно споделуваше жешки фотографии.

Нејзината фотографија во провокативно портокалово бикини привлече големо внимание од нејзините следбеници на Инстаграм. Имено, таа позираше без шминка, за да може да се видат задникот, а нема сомнение дека ги остави мажите без текст.

View this post on Instagram

Today like this 🍸

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Друга жешка слика на Јелена Карлеша е дефинитивно онаа каде нејзиното бикини едвај ги покри нејзините бујни гради, а таа јадеше и сладолед, што ја прави оваа слика уште попровокативна.

View this post on Instagram

🍦😏

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Карлеуша е позната по големата „позадина“, која често ја истакнува на своите фотографии, па ова лето позираше со задникот покрај базенот, додека нејзините шорцеви беа како долна облека.

View this post on Instagram

Dear haters… Maşallah😉

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Една од исто така „жешките“ фотографии е и онаа во која Јелена позираше во мрежаст костим за капење, кој едвај покри нешто.

Оваа фотографија достигна над 170 илјади лајкови, а многумина и рекоа во коментарите дека „гори“ и дека станува збор за вистинска бомба.

View this post on Instagram

😏 In @prettylittlething 👙

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Поврзани вести

Џастин Бибер медитира и се моли за време на карантинот

Влатко Зорба

Џејми Ли Кертис со пофални зборови за „Медена земја“

Пензионираниот Пирс Бронсан на романтично патување во Европа

Влатко Зорба

Палатата ја потврди одлуката на Меган и Хари

Шенон Доерти: Ракот се врати

Влатко Зорба

Крис Еванс со совет за секој во изолација: Земете си куче!

Влатко Зорба