Забава

Зверев ја забремени, па раскина со девојката

Германскиот тенисер Александар Зверев ќе стане татко, а мајката е неговата поранешна девојка, манекенката Бренда Патеа, со која раскина во август. Таа за списанието „Гала“ откри дека е бремена.

„Јас сум во 12-та недела од бременоста, детето е на Алекс“, рече Бренда.

Публиката подобро ја запозна поранешната девојка на германскиот тенисер за време на Адрија купот, и двајцата беа во Белград и одлично се забавуваа со Ѓоковиќ и другите српски тенисери и нивното најблиско опкружување.

Во разговор за споменатото списание, таа посочи дека тие не раскинале поради бременоста, туку поради „различни погледи на животот“.

„Бевме во криза и пред бременоста затоа што нашите ставови во врска со некои работи почнаа да се разликуваат. Кој живее со врвен спортист, мора да трпи“, навела таа.

Идната мајка вели дека не е во контакт со Алекс и дека ќе го преземе родителството сто проценти.

 

 

Поврзани вести

Познат кантри пејач починал на сцена

Елена Даскалова

Доли Партон сака да се фотографира за Плејбој

Излезе „React“, новиот сингл на Pussycat Dolls (ВИДЕО)

Елена Даскалова

Амбер Роуз го истетовира челото, но никој не ја знае причината

Елена Даскалова

Јелена Ѓоковиќ со трогателна исповед за животот на славните

Влатко Зорба

Во карантинот, Џ.Р.Р. Мартин се „врати“ во Вестерос