Забава МАГАЗИН

Заради коронавирусот се одложува доделувањето на Оскар 2021 година?

Иако доделувањето на оскарот беше закажано за 28 февруари 2021 година, по се изгледа ќе биде одложено заради пандемијата со коронавирус.

„Веројатно ќе биде одложено“, изјави за странските медиуми еден од добро информираните извори.

Кога во април беа најавени нови привремени правила за добивање на Оскар заради пандемијата со коронавирус, претседателот на академијата Дејвид Рубин изјави дека прерано е да се знае како пренесот на доделувањето на Оскар 2021 може да се промени заради пандемијата.

Ништо се уште не се знае со сигурност. Знаеме дека сакаме да ги прославуваме филмските остварувања, но не знаеме во која точно форма ќе бидат, изјави тој.

Според вообичаените правила – филмот мора да има седумдневна проекција во кината во Лос Анџелес, со цел да се квалификува за Оскар. Сепак, за оваа година филмовите кои се дигитално објавени може да се квалификуваат ако студиото првично планирало кино проекција.

„Мислам дека сите сочувствуваат со режисерите и ние сме тука да ги поддржуваме нашите членови и филмската заедница. Има смисла кога навистина не знаеме што ќе се случи во однос на достапноста на кината … Мора да направиме исклучоци само за оваа година и за времето кога кината не се отворени, така што одличните филмови сè уште можат да се видат и слават “, објасни Рубин.

Новите измени во правилата вклучуваат дозволување на проекциите квалификувани за Оскар да се одржат во Њујорк, Чикаго, Мајами, Атланта и други делови наместо, како што беше случај досега, само во Лос Анџелес.

Академијата одби да ги коментира новите обвинувања и сè уште е нејасно дали одложувањето на Оскарите ќе значи и дека Академијата ќе им овозможи на филмовите објавени по крајниот рок да се квалификуваат за Оскарите во 2021 година.

Поврзани вести

Хумористична серија за коронавирус ги подели Шпанците

Stefanija Kuzmanovska

Фарел Вилијамс: кога дознав што точно значат стиховите се засрамив

user2

Светски позната пејачка позитивна на КОВИД-19: Власта не прави доволно тестови

Најголемите бунтовници според зодијакот

Победете ја несоницата со овие 4 вечерни активности

Елена Даскалова

Што сака секој хороскопски знак