Здравје и Храна

Денес сите внесуваме витамини, а што е со пробиотиците?

Во услови кога вирусните и бактериските инфекции се чести, самоиницијативно се вртиме кон дополнително внесување витамини, како суплементи или преку исхрана и напитоци збогатени со витамини. Секако дека витамините го зајакнуваат имуниот систем на организмот, но дали дејствуваат сами или е потребно и нешто друго.

При секоја стомачна тегоба едно од првите прашања од докторите е исхраната, како се одвива варењето на храната и дали примаме пробиотик. Од ова се доаѓа до заклучок дека пробиотикот е одлична превенција и лек за проблеми со дигестивниот систем. Секој организам има потреба од пробиотици а многумина од нас веќе го внесуваат, без да ги знаат многуте придобивки што ги носат, или како точно пробиотиците го поттикнуваат доброто и правилното варење на храната, работата на дигестивниот тракт и нивната улога во другите процеси во организмот.

Пробиотиците се всушност живи микроорганизми – бактерии или квасец, оние добрите бактерии кои се корисни за нашето здравје и многу успешно и ефикасно му помагаат на организмот. Се наоѓаат во дигестивниот систем и се грижат за неговото оптимално функционирање. На овој начин пробиотиците посредно позитивно влијаат и на целосната здравствена слика. Првенствено, улогата на пробиотикот е да помогне при поминувањето на храната низ цревата. Голем број бактерии и вируси се таложат во цревата и оттаму започнуваат бројни вирусни или бактериски инфекции. Затоа е битно цревата да бидат снабдени со пробиотици, како првиот одбранбен механизам на организмот против вируси или какви било проблеми кои укажуваат на неправилно функционирање на дигестивниот тракт.

Пробиотиците може да се најдат во извесни видови сирења, киселото млеко како и јогуртот но и останатите млечни производи се нутритивно богати намирници и одличен извор на протеини. Содржат голем број витамини и минерали, вклучително калциум, витамин Б12 и многу други, па дефинитивно треба да станат дел од нашите секојдневни оброци.

Сепак јогуртот е главниот и најдобриот извор на пробиотик од храна. За некои од нив, како Баланс+ постојат и научни студии со кои е докажано нивното позитивно влијание врз организмот и бројните процеси.

Според оваа студија, после 10 дена редовно консумирање Баланс+, успешно се регулира дигестивниот тракт. Функционалниот јогурт Баланс+ одлично влијае и врз намалувањето на процентот на телесните масти, така што со редовно консумирање се овозможува чувство на целосна рамнотежа во организмот.

Примени преку храна, млечни производи или функционален јогурт, предностите и влијанието на пробиотиците се бројни. Најмногу се однесуваат на добрата работа на дигестивниот тракт, поттикнување на варењето, забрзување на метаболизмот, намалување на подуеноста, редуцирање на лошиот холестерол, работата на срцето, редуцирање на егземи и одредени алергии, намалување на телесните масти, на цревната флора и уште ред други.

Предностите одат дотаму што со примање пробиотици од функционална храна и постигнување баланс во организмот влијае на чувството за среќа и задоволство.

Поврзани вести

Кои намирници важат за природни лаксативи?

Елена Даскалова

Со помош на оваа храна ќе слабеете, а нема да бидете гладни

Елена Даскалова

Празничната храна го подобрува расположението

Елена Даскалова

Само два портокала на ден прават чудо за вашето здравје

Елена Даскалова

Торта од банана која се прави за 10 минути

Кои се симптомите на болеста од која страда Лејди Гага?

user2