Здравје и Храна

Ѓоргиевска, FitLife: Едноставни трикови за зајакнување на имунитетот во време на коронавирус

Како и секој ден советувам и пропагирам здрава храна и здрав живот, а сега особено. За жал сѐ уште не е пронајден лек за коронавирусот, а бидејќи КОВИД-19 влијае врз нашиот имунитет, ние треба да го зајакнеме повеќе овој период, изјави Елена Ѓоргиевска, добитничка на наградата „лајфстајл инфлуенсер“ за 2019 година и фитнес инструктор во студиото FitLife во разговор со „Локално“.

„Има неколку едноставни трикови“, вели Ѓоргиевска.

Таа посочува дека витаминот Ц се содржи многу повеќе во шипка или магдонос отколку во лимоните и препорачува да се внесува окулу 70мг на витамин Ц на дневна база (за возрасен човек).

За нас изготви кратка табела за неколку овошки и зеленчуци кои содржат голема количина на витамин Ц, а можат да се најдат во било кој маркет и во сечив фрижидер:
– Јаболка 165мг во 100г
– Магдонос 150мг во 100г
– Шипка (свежа) 1200мг во 100г
– Шипка (сува) 650мг во 100г
– Пипер (благ) 250мг во 100г

„Посебно ви препорачувам почесто да конзумирате чај од шипка, не само заради големата количина на витаминот Ц но и поради своите бактерицидни својства. Ова значи дека чајот го забавува растот или целосно ја убива патогената микрофлора односно бактериите, вирусите и габите. Шипката содржи многу железо и фосфор. А за одбегнување, би препорачала да се одбегне најпрво чипсот, газираното, големата количина бело брашно и секако шеќерот бидејќи ова се само големи количини на така наречени „празни“ калории кои носат најмала количина на витамини. Посебно сега со ограниченото движење, единствено што ќе ни донесат тие намирници е вишок килограми“, наведе Ѓоргиевска.

Фитнес инструкторката вели дека многу добро разбира дека не е лесно да се откажеме од десерт или од вкусен леб, но истакнува дека има голем број здрави десерти и лебови, рецепти кои ни носат не само голема количина на витамини и влакна, туку и големо задоволство.

„Како замена за нешто газирано во маркетите речиси насекаде има напиток кој се вика комбуча, кој природно се ферментира и на тој начин ја добива својата природна „газираност“. Но ако и тоа не е за вас, секако може да си подгответе газиран сок сами. На пример за „фанта“, исцедете портокали и малку додајте од кората (за уште појак вкус) и додадете кисела вода“, додава таа.

Доаѓа потопло време и многумина од нас купуваат леден чај од продавница надевајќи се дека не е газиран и би требало да е поздрав, но тоа, како што објаснува Ѓоргиевска, е само заблуда бидејќи во таквиот купечки чај има огромна количина на шеќер. Затоа таа топло препорачува да го подготвиме ние самите и со нас споделува рецепт што го применува со години:

„Во тенџере ставете 1,5л вода и додајте две мали лажици црн чај, неколку замрзнати овошки (јас користам најчесто аронија или јагода), малку нане и оставете да зоврие. Затворете го тенџерето и оставете го окулу 10-15 мин. Потоа претурете го чајот со помош на сито во стаклен бокал или шише, почекајте да се олади малку и ставете го во фрижидер. Ќе бидете изненадени колку освежувачки делува. Бидејќи јас пијам чај без шеќер не додавам ништо, но ако сакате можете да додадете кафеав шеќер, мед, стевија или било кој засладувач, но додека чајот сѐ уште е топол за да се раствори убаво“.

Инструкторката нагласи дека исто така е многу важно да останеме подвижни.

„Има многу видеа или онлајн тренинзи кои можете да ги следите дома без никакви реквизити. Јас веќе три години работам како инструктор во FitLife fitness studio и водам аеробик, пилатес и јогалатес, а од неодамна водам и група за трудници. Можете да не побарате на Фејсбук или инстаграм и да си одберете нешто што ви одговара“, рече таа.

Потсетува дека секогаш е добра идеја да извежбате наутро неколку брзи и лесни вежби затоа што така ќе имате повеќе енергија во текот на целиот ден.

„Најпрво истегнете се малку, потоа загрејте се со 20-тина чучњеви, окулу 30 склекови (можете и 50), 50 џампинг џекс и 20 стомачни. Истото повторете го 2-3 пати. На почетокот можете да направете само еден круг и во текот на неделата да додавате“, советува Ѓоргиевска.

Секако многу добра опција за дома се јогата и медитацијата. Трудете се да останете позитивни. Трудете се да се фокусирате на нешто позитивно. Времето сега можеме да го поминеме заедно со нашето семејство и деца, да прочитаме нешто што оддамна сакавме или да пробаме нешто ново. Пробајте да изработите нешто за декорација, нешто да нацртате или да подгответе нешто здраво во кујна, додава таа.

„Топло ви препорачувам да се откажете од цигари. Пушењето цигари го зголемува ризикот од развој на хронични заболувања и намалување на имунитетот, што игра клучна улога кај инфекцијата со Ковид-19. Покрај тоа, имуните клетки на пушачите мутираат, што ги прави ранливи на сите вируси. Откажете се и од негативни мисли. Ставете го фокусот на вашето здравје и здравје на вашите деца. Направете нешто корисно за вас“, порача за крај Ѓоргиевска.

С.К.

Поврзани вести

Пиевте антибиотик? Време е да го прочистите телото

user2

Поради страв од коронавирус, сè повеќе мажи се подготвени за една необична процедура

Влатко Зорба

Грешки кои ги правите при пржење месо во тавче

Бременост по 35-та? За овие „нуспојави“ ретко се зборува

user2

Најдобрата посна пита

Кристина Денесовска

Зимски карамел-колач со гриз и круши

Елена Даскалова