Здравје и Храна

Коронавирусот демне дури и од тоалетот: Затворете го капакот!

Значи, да разјасниме веднаш. Ако дојдете во контакт со површина со која била во контакт, на пример, столицата на заразено лице со коронавирус и тогаш не ги миете рацете, и ги приближите до уста, ќе се заразите. Затоа стручњаците нагласуваат уште од почетокот на пандемијата – миете ги рацете. Ако ги миете многу – измијте ги уште повеќе.

Но, од тоалетот, сега предупредуваат научниците, постои уште една „корона“ опасност. Имено, благодарение на феноменот познат како „тоалетна плима“, заразените честички од столицата или урината можат да избегаат од тоалетот и да се распрснат во воздухот и, следствено, да ја пренесат инфекцијата.

Како да се спречи ова?

Ако одите во нужда во јавен тоалет, прво почекајте една минута или две откако лицето претходно го направило тоа. Потоа спуштете ја даската, осигурувајќи се дека нема да стапите во контакт со неа и пуштете вода, објасни Кингјан Чен, професор на универзитетот „Пурдју“ за „Форбс“.

„Дури 80% од честичките што се распрснуваат од столицата во воздухот можат да бидат неутрализирани со затворање на капакот пред да се пушти вода”, објасни тој.

Меѓутоа, ако живеете со заразено лице, по итен случај, најдобро е да го дезинфицирате целиот тоалет.

Овие откритија се потврдени и со резултатите од студијата спроведена на Универзитетот во Хонг Конг. Таму, експертите откриле дека пуштањето вода може да растера 80.000 загадени честички кои можат да останат во воздухот со часови на метар околу тоалетот.

Се разбира, миењето на рацете и спуштањето на даската не е целосна заштита, па експертите препорачуваат редовна дезинфекција, вентилација и затворање на вратата од тоалетот.

Поврзани вести

5 животни лекции на кои ве учи анксиозноста

Елена Даскалова

Ви го претставуваме деталниот план за исхрана со кој пејачката Адел изгуби повеќе од 40 килограми

Stefanija Kuzmanovska

Рецепт за здраво смути

Три знаци дека треба да ја промените работата

Елена Даскалова

Бомбици фереро роше

user2

Домашно чоколадно млеко од лешници

user2