Здравје и Храна

Поради страв од коронавирус, сè повеќе мажи се подготвени за една необична процедура

Мажите не само што се загрижени за смртноста од болеста „КОВИД-19“, туку тие стравуваат дека вирусот може да влијае и на нивната плодност, пренесе „Њујорк пост“.

Иако медицинскиот третман за крио-зачувување на сперматозоидите во моментот не се смета за неопходен, овој бизнис напредува брзо во последните неколку недели.

Ова е потврдено од страна на две компании, „Cryo Choice“ и „Dadi“, кои функционираат непречено за време на пандемијата. Тие ја почитуваа одлуката на владата за избегнување контакти и да го реорганизираат нивниот бизнис. Со помош на пошта, тие испраќаат тестови на адресата и потоа клиентот ги враќа назад.

Процесот работи вака: Компаниите испраќаат на мажи специјална опрема за собирање сперма, тие ја складираат спермата и ја праќаат назад. Здравствената установа потоа ја тестира спермата и ја замрзнува.

И покрај фактот дека има малку докази кои покажуваат дека вирусот има долгорочен ефект врз плодноста, некои мажи јасно не сакаат да преземат ризик.

Тимот на „Cryo Choice“ вели дека продажбата скокнала дури 20 проценти во последно време и дека „многу барања доаѓаат од луѓе кои се исплашени од вирусот“.

– Не можете да кажете на една личност: „Не грижи се за треската сега, ќе ти биде подобро за три месеци“. Нормално е тие да бидат вознемирени затоа што на нив им е важна сегашноста“, вели Грејс Кентола од „Dadi“, тврдејќи дека „тројно им се зголемиле продажбите“.

Замрзнувањето на криогени сперматозоиди е постапка која овозможува долгорочно, скоро неограничено зачувување на машките клетки и е удобен метод за секоја последователна употреба.

Иако на мажите им е понудена помош ако се разболат со „КОВИД-19“, некои тврдат дека крајниот резултат е повеќе психолошки по природа.

„Кога светот околу вас ќе полуди… Само идејата дека можете да направите нешто и да имате контрола врз вашиот живот – можеби неколку стотици долари за да платите за складирање на сперма“, изјавил извор за „Дејли Бист“.

Покрај мажите, и жените се плашат дека вирусот може да го уништи нивниот сон за мајчинство. Многу дами побрзаа да ги замрзнаат своите јајцeклетки, откри клиника за оплодување во Менхетен, тврдејќи дека е „преполна од жени кои молат да ги замрзнат своите јајцеклетки за време на пандемија“.

Потсетуваме, најновата студија откри можен ефект на коронавирусот врз машките хормони, што може да доведе до сексуални проблеми кај мажите, тврдат британски експерти.

Во студијата објавена на платформата за истражување medRxiv.org, истражувачите од универзитетската болница Жонгнан и Центарот за клинички истражувања Хубеи за пренатална дијагностика и породување, анализирале примероци од крв од 81 маж на возраст од 20-54 години кои биле позитивни за вирусот, а кои биле хоспитализирани во јануари годинава.

Користејќи ги примероците, тимот го испитал нивото и односот на тестостерон и лутеинизирачките хормони. Нискиот однос на овие два хормона може да биде знак на хипогонадизам, што кај мажите е дефект на тестисите или ниско ниво на тестостерон, што подразбира намалено производство на полови хормони.

Поврзани вести

Коронавирус: Како да се заштитите во возилата на јавниот превоз?

Елена Даскалова

Легални намирници што може да предизвикаат халуцинации

Елена Даскалова

Намирници кои би требало да ги јадете барем еднаш неделно

Кристина Денесовска

И Кинезите се согласуваат – провевот може да „убие“

Елена Даскалова

Сирупот од коприва е добар за разни здравствени проблеми

user2

6 знаци дека претерувате со пиење кафе

Елена Даскалова