Здравје и Храна МАГАЗИН

Зимски карамел-колач со гриз и круши

Се работи за интересен спој на вкусови кој сигурно ќе ве воодушеви.

Потребни состојки:

3 јајца
200 гр + 100 гр шеќер
Рендано чоколадо
100 гр гриз
100 гр брашно
Еден прашок за пециво
50 мл масло
5 круши
Малку маргарин
Сецкани ореви
Шеќер со арома на рум

Подготовка:

Изматете ги јајцата со 100 гр шеќер и додадете малку рендано чоколадо, гриз, брашно измешано со прашок за пециво, маслото и сето тоа добро измешајте го.

Во помало тенџере стопете 200 гр шеќер со малку маргарин и добро изедначете. Плехот за печење обложете го со хартија и ставете го карамелот. Крушите исечете ги на половини, извадете ги семките и наредете ги со рамната страна на карамелот. Растурете од сецканите ореви.

Врз крушите ставете го тестото. Печете 40 минути на 19 степени. Превртете го колачот со крушите нагоре. Посипете со шеќерот со арома на рум.

Поврзани вести

Актерот ја коментираше менталната состојба на претседателот: „Не е здрав“

Stefanija Kuzmanovska

Софи Турнер призна дека го мразела бендот на својот сопруг

Како да се ослободите од мирисот од цигари

user2

Прва фотографија од Никол со новото момче (ФОТО)

Елена Даскалова

Принцот Хари се појави во Шкотска

Кристина Денесовска

Како популарниот Шанел 5 го добил името?

Елена Даскалова