Забава МАГАЗИН

Зошто Камила нема да стане кралица кога Чарлс ќе стане крал?

Принцот Чарлс престолот го чека веќе 71 година и дефинитивно е наследникот кој најдолго чекал во историјата на тронот. Иако се шушкаше дека Елизабета Втора ќе се повлече во пензија и дека Чарлс ќе стапне на тронот, од тоа за сега нема ништо и Чарлс ќе мора да го почека своето владеење.

Клеренс Хаус, резиденцијата на принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс, денеска потврдија дека војвотката Камила нема да стане пратечка кралица кога Чарлс ќе стане британски крал. Всушност, тие само ја потврдија одлуката која стапи на сила во 2005 година, кога се венчаа Чарлс и Камила.

Камила нема да стане пратечка кралица, но ќе стане принцеза односно пратечка принцеза (Princess Consort).

Технички гледано, Камила и денеска е принцезата од Велс, но таа титула не ја користи поради фактот дека таа и припаѓаше на првата сопруга на Чарлс, Дијана и кралскиот двор сметаше дека Камила со таа титула би имала лош имиџ во јавнсота. Затоа ја зеде титулата на војовдството на својо сопруг, Корнвал.

Се претпоставува дека следната британска пратечка кралица ќе биде Кејт Мидлтон, на која треба да и припадне титулата принцеза од Велс по смртта на Елизабета Втора.

Поврзани вести

Хороскопски знаци кои не знаат да чуваат тајни

Елена Даскалова

Исфрлете го од исхрана лененото семе

user2

Мала победа за Бритни Спирс во борбата против старателството на нејзиниот татко

Stefanija Kuzmanovska

Кои се четирите најсреќни хороскопски знаци?

Влатко Зорба

Кој ќе го добие наследството на Кирк Даглас?

Елена Даскалова

По 10 години потрага пронајден ковчег со богатство, полн со злато, рубини, смарагди и дијаманти