Забава МАГАЗИН

Зошто Меган и Хари се враќаат кај кралското семејство за Божиќ?

Од неодамна почнаа шпекулациите дека принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл немаат намера да се вратат во Англија за да ги прослават Божиќните празници со кралското семејство кое не го виделе од март годинава, кога го напуштија.

Бројни медиуми пишувале дека парот Божиќ ќе го помине со своите најдобри пријатели во Лос Анџелес, но се чини дека поранешната кралска двојка сепак ќе мора да си го „прекрши зборот“ и да ги слави празниците на европската страна на Атлантскиот Океан за да избегне плаќање данок од два милиони долари.

Имено, Хари сè уште не станал американски државјанин и се приближува 183-иот ден од неговиот последователен престој во САД, по што тој е должен да плаќа даноци за периодот во кој останал во Америка без документи.

„Во неговиот случај, тоа би значело дека ќе мора да го олесни џебот за два милиони долари во корист на државната каса, а Хари и Меган очигледно не го сакаат тоа“, изјави извор близок до принцот.

Изворот објаснил дека даночната служба нема намера да му „погледне низ прсти“ на 36-годишниот принц само затоа што е од кралско потекло, а Хари е свесен за тоа.

Поради тоа одлучил со Меган да се врати во неговата поранешна резиденција за време на божиќните празници, а тоа го потврдија и изворите од британскиот дворец, кои пред неколку дека изјавија дека кралицата им наредила на слугите да го подготват Фрогмор за нивното враќање. Кога ќе се вратат од Англија во Америка, престојот на Хари повторно ќе се брои од првиот ден, па така повторно ќе има 183 дена мир без даночни испектори над глава.

Но, на одметнатиот пар воопшто нема да му биде пријатно да со соочи со кралицата, принцот Вилијам и остатокот од кралското семејство. Наводно, 94-годишната Елизабета има намера да им „одржи лекција“ бидејќи тие биле политички ангажирани во нивните последни говори и влијаеле на претстојните претседателски избори во САД, што е нешто што на членовите на кралското семејство им е строго забрането да го прават. Без оглед на тоа што се одрекле од своите кралски должности, кралицата и дворот нема да им простат лесно.

Поврзани вести

Ќерката на Стивен Спилберг ќе снима филмови за возрасни

Кристина Денесовска

Пристигна објаснување за бизарното име на новороденчето на Маск, мора да прочитате за да поверувате

Stefanija Kuzmanovska

Со каква диета Адел успеа да ослабне 30 килограми?

Влатко Зорба

Српската пејачка Романа откри каде се наоѓа по излегувањето од затвор

Илон Маск изгради чудо под Лас Вегас (ВИДЕО)

Еротскиот кабинет на кралицата Катерина Велика

user2