Здравје и Храна МАГАЗИН

Зошто не смеете да перете долна облека на ниски температури?

Многу често, кога сме мрзливи и не ја селектираме облеката, пуштаме мешана машина во која има и долна облека и секојдневна и постелнини и крпи…

Но, запомнете едно – никогаш не перете заедно облека што е препорачливо да се пере на различни температури. Шарените алишта е најдобро да се перат на 30-40 степени. Но, долната облека, заедно со постелнината, навлаките за перница и кујнските крпи треба да се перат на најмалку 60 степени, а најдобро на 90.

Само на тој начин од нив ќе се уништат бактериите кои се собираат на долната облека, без да се пренесат на другата, или пак да заостанат во барабанот на машината за перење.

За да ја дезинфицирате машината, пак, еднаш месечно во преградата за прашок ставете сода бикарбона, а во преградата за омекнувач бел оцет и пуштете ја на највисока температура да испере празна.

Една од бактериите која преживува на ниски температури на перење е и ешерихија коли. Таа може да остане на облеката дури и при перење на 60 степени. Бактериите се нормален дел од животот, но некои може да бидат многу опасни. Со сигурност облеката после перење не е стерилно чиста, но ако правилно ја перете, можете да бидете сигурни дека сте спречиле ширење на опасните бактерии, како на кожата и интимните делови, така и во самата машина, за потоа да не се пренесат врз следната облека што ќе се пере.

Поврзани вести

Торта и коктел во едно: Чизкејк со џин (РЕЦЕПТ)

Елена Даскалова

Тајни од минатото на Маркл

user2

Пет показатели дека сте натпросечно интелигентна личност

user2

Неделен хороскоп: Биковите уживаат во малите нешта

user2

Дали знаете кои јаглехидрати се прости, а кои сложени?

Елена Даскалова

Kој период од денот е најдобар за секс?

Александар Петровски