МАКЕДОНИЈА

53 семејства со новороденчиња добија ваучери од општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија им додели нови 53 ваучери.

Ваучерите во висина од 6000 денари, Општината ги доделува со цел на семејствата да им послужат за првичните потреби за децата. Истите денеска ги подели секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски.

Барањата за добивање ваучер потребно е да се поднесат во рок од 90 дена од раѓањето на детето. Со нив треба да се достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка.

Поврзани вести

Се уште трае лидерската средба: Дали ќе има датум за парламентарните избори?

Ангеловска – Тао Жанг: Сузбивање на сивата економија преку дигитализација на институциите

Ивана Рамаданова

Сугаревски: Со 70 милиони евра од Светска банка ќе се градат и санираат локални патишта

Влатко Зорба

Нема повеќе активни случаи со коронавирусот во Кичево

Михајловски до Мицкоски: Со кое лице го споменуваш името на Младенов во предизборна кампања?

Николовски од Куманово им се заблагодари на хероите од НОБ заслужни за слободата

Влатко Зорба