МАКЕДОНИЈА

Ацевски: Државниот завод за ревизија ќе помогне околу истрагата за платите и бонусите во СЈО

Максим Ацевски, Директорот на Државниот завод за Ревизија во емисијата Топ-тема изјави дека јавното обвинителство упатило барање за помош од заводот за ревизија за констатирање на одредени постапки кои се вршеле во Специјалното јавно обвинителство во однос на платите и бонусите кои ги добивале обвинителите и дали тие биле согласно законите или спротивно на истите.

-Пристигнати се одредени барања од обвинителство каде бараат помош од Државниот завод за реивизја да помогнеме во начинот на констатирање на одредени постапки дали се во рамките на законот или спротивни на законот, вели Ацевски.

Тој смета дека нема потреба да се врши целосна ревизија на субјект кој веќе не постои и дека нема кому да бидат упатени препораки од она што би било ревидирано.

-Се работи за комплексно прашање, кој е ефектот на ревизија на субјект кој не постои повеќе. Кому ќе бидат упатени препораки за субјект кој не постои. Не гледам зошто ова би се ревидирало. Државниот завод за ревизија може да констатира одредени постапки кои можат да бидат предмет на истражување. Доколку надлежните органи имаат потреба од човечки ресурси од заводот за ревизија, ние ќе помогнеме, вели Ацевски

Поврзани вести

Мицкоски на Заев и Ахмети денеска ќе им предложи нов предлог за МВР

Никола Поповски

Се одбележува Светскиот ден на безбедна храна

Штипската Клиничка болница доби амбулантно возило од германската амбасада

Уживање на сонце во време на Корона вирус

Со нула гласови „против“ помина и последната ратификација на Протоколот за НАТО

Аеродром повторно близу стотка по активни случаи

Влатко Зорба