МАКЕДОНИЈА

Адеми: Ако имаме иста ситуација можеби ќе се соочиме со исти мерки во наставата и во септември

Министерот за образование и наука Арбер Адеми е задоволен од преземените мерки со кои се овозможи непрекината настава во услови на пандемија, кои беа и правно регулирани со донесените уредби со законска сила. Во интервју за МИА Адеми вели дека се максимално посветени и се разговара за прашања како би постапиле ако се соочиме со исти или полоши околности од септември, на почетокот на наредната учебна година.

-Генерално, ако имаме иста ситуација, исти околности, можеби ќе се соочиме со исти мерки или ќе размислиме во насока на реорганизирање или поинакво организирање и реализирање на наставата во училишните клупи, рече Адеми.

За претстојните испити во јунската сесија вели дека ги оставаат универзитетите сами да оценат и изберат дали на нивните факултети има услови за организирање испити со физичко присуство на студентите, притоа доследно да ги почитуваат препораките за заштита на јавното здравје.

– Намерно им оставивме флексибилност на универзитетите, базирајќи се и на нивната автономија. Силно веруваме дека секој универзитет, секоја единица, академската заедница, ќе пристапи одговорно кон ова прашање, додава Адеми.

Во интервјуто за МИА министерот соопшти дека деновиве на владините седници ќе се разгледува Предлог-одлуката за уписите за високо образование, треба да се прецизира уредбата за доделување ваучери за ученици и студенти од третиот пакет мерки од КОВИД-програмата на Владата (Уредбата за платежната картичка беше усвоена завчера), а за претстојните уписи во средните училишта рече дека ќе нема одложување на роковите утврдени во Конкурсот, но дека за спроведувањето на уписите се подготвени протоколи со мерки за заштита, исто како и протоколи за испитите што ќе се организираат на високообразовните установи.

Поврзани вести

Обезбедени 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со Ковид-19

„Бела ноќ“ вечерва на 15 локации во Скопје

Влатко Зорба

МВР поведе дисциплинска постапка за двајца полицајци за навредлива содржина за КОВИД-19

Влатко Зорба

АРМ одбележува 28 години постоење

Никола Поповски

Спасовски на семејството Диневи им додели благодарница: „Овој голем гест секогаш ќе повикува на хуманост“

Спасовски: Електроенергетскиот систем, неговото модернизирање и зголемувањето на преносните капацитети се секогаш приоритет на Владата (ВИДЕО)