МАКЕДОНИЈА

Адеми: Не ги користев соседите неалбанци кога се борев за правата на Албанците

Бев многу изненаден кога видов дека толку конзервативна партија како ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за технички министер за труд и социјална политика Еврејка, си реков ова е позитивен сигнал. Вака пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми ја почна својата реплика на седницата за разрешување на техничката министерка, Рашела Мизрахи.

„Кога јас се борев за правата на Албанците, не се борев користејќи ги соседите неалбанци. Јас самиот си ја платив таа цена, осум години затвор“, рече Адеми.

Тој им посочи на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нашле не – Македонка, жена, да им го брани името Македонија, додека тие се кријат.

Седницата за разрешување на техничката министерка продолжува и по полноќ, односно, како што најави собранискиот спикер, Талат Џафери, додека не се поминат точките на дневен ред на седниците за Законот за Јавно обвинителство и Законот за Советот на јавни обвинители, како и седницата која е во тек, а на која меѓу другото, се разгледува и нејзиното разрешување.

Поврзани вести

Поништено одобрението за градење на „Шпански скали“ на плоштадот Македонија

Под влијание на влажен бран од Медитеранот, од утре до четврток дожд и ветер

Влатко Зорба

Тројца починати, 148 новозаразени од Ковид-19

Влатко Зорба

Мицкоски: Договорот со Грција не ни го реши проблемот со интеграциите во ЕУ

Александар Тодески

1.900 пакети храна и хигиена за ранливите лица, обезбеди Фондацијата Отворено општество

Берта Китинска

И Адеми е негативен на тестот за Ковид-19

Берта Китинска