МАКЕДОНИЈА

Заев на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“: Должност на владата е да се грижи за земјоделците

-Должност на Владата е грижата за земјоделците и нивните семејства, бидејќи земјоделството е еден од носечките столбови на македонската економија, рече претседателот на Владата -Зоран Заев кој денеска присуствуваше на традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, кој е единствен премиер кој за прв пат во 28 годишната историја на манифестацијата присуствува на оваа манифестација.

Заев во присуство на градоначалникот на Кочани Николчо Илијев, и бројни гости од државата и странство, најпрво ја проследија традиционалната манифестација на жнеење на оризот, а потоа и саемот на традиционална храна и културно-уметничката манифестација по повод настанот.

Како спој на традицијата и современиот уметнички израз и приказ на патот на оризот од нива до трпеза, оваа манифестација ја чува традицијата во оризопроизводството. Духовното и материјалното културно наследство се пренесува преку песната, орото, народните обичаи, традиционалната кујна, изложувањето на старовремски предмети и алатки за обработка на ориз.

Во своето обраќање претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев истакна дека со последните измени во ребалансот на Буџетот, вкупната поддршка за земјоделците достигна близу 7 милијарди денари.

„Само за оризот, со ребалансот на Буџетот се обезбедени 50 милиони денари за дополнителната субвенција од 5 денари за килограм произведена и предадена оризова арпа кај регистрирани откупувачи до 25 декември 2018. Тоа е само еден дел од мерките кои оваа Влада ги применува како врвна грижа за земјоделците и за граѓаните што живеат од оваа дејност. Во 2019 година висината на субвенцијата по хектар за обработлива земјоделска површина со сертифициран семенски материјал, изнесува 25.000 денари, за разлика од лани кога таа изнесуваше 12.000 денари. Тоа е зголемување на повеќе од 100 проценти“, додаде Заев.

Заев во комуникација со насобраните граѓани рече дека нагласи дека владата става посебен акцент на развојните мерки и проекти во земјоделството, како и на нови инвестиции кои ќе придонесат кон забрзан раст на оваа стратешка економска гранка.

Поврзани вести

Филипче: Се прават анализи на 30 лица дали се позитивни на коронавирусот

Град Скопје со оригинална порака до возачите

Османи: Со Груби сме амбициозни, но засега лидер на ДУИ останува Ахмети

Viktor Jovanov

Врачена почесната награда „Илинден“ на поранешниот претседател Иванов

Stefanija Kuzmanovska

Филипче: Денеска ќе добиеме детални информации за македонските државјани кои се под карантин на јапонскиот крузер

Влатко Зорба

Николовски: Не е точно дека заразената директорка била на мојата свадба