Култура МАКЕДОНИЈА

Агенцијата за филм го поддржа објективното новинарство

Од Агенцијата за филм на Република С. Македонија денеска упатија поддршка до Здружението на новинари (ЗНМ) за заложбата за објективното новинарство и за сите издржани, истражувачки стории.

-Постојано информираме дека Агенцијата за филм ќе остане доследна во заложбите за транспарентно, правно и праведно работење и секако информирање на јавноста, кое го прави на редовна основа. Но, она на што остро ќе се спротивставиме се нарачани медиумски хајки каде позадината е личен или финансиски интерес. Бевме сведоци на негативна медиумска кампања каде се искривуваат фактите и при тоа се потенцира дека Антикорупциската Комисија води постапка, по пријава на Милчо Манчевски, што апсолутно ништо не докажува за работењето на Агенцијата за филм дека се коси со било кој закон. Но, тоа манипулативно се пласира во јавноста, со цел да се остави валкана дамка. Медиумската хајката е препознаена и од страна на сите филмски работници, кои преку свое соопштение го препознаа и интересот и целта зад неа, а се поврзани со тековниот конкурс на Агенцијата за филм. Сите факти ќе бидат презентирани после 15 јули, со цел да се избегнат било какви политички конотации во овие предизборни денови- велат од Агенцијата.

Филмот во нашата земја живее нов бран, велат од Агенцијата и со разбирање на Вас медиумите тоа допре до широката јавност каде застанавме горди зад нашите автори и се надеваме и во иднина ќе им ја дадеме сета поддршка што ја заслужуваат.

-Во последните три години, добиени се над 65 филмски награди кои пристигнуваат речиси секој ден, учествувано е на повеќе од 170 филмски фестивали како Берлинале, Санденс, Кан и други, и македонскиот филм се закити со две номинации за Оскар со што испишавме историја во македонската кинематографија- велат во денешната реакција од Агенцијата.

Од Агенцијата велат дека сите факти ќе бидат презентирани после 15 јули, со цел да се избегнат било какви политички конотации во овие предизборни денови.

Поврзани вести

Камчева ќе сведочи за првиот дел од ректот и средбите со Боки 13

Александар Тодески

Национална платформа за онлајн учење е достапна за учениците

Александар Петровски

Нови 120 заразени од Ковид 19 и двајца починати

Чаир и Аеродром на врвот: Како се движи бројот на заразени од Ковид-19 по скопските општини?

Откупот на тутунот за Димковски е при крај, Трипуновски реагира дека има големи количини што не се откупени

Stefanija Kuzmanovska

Хотел во центарот на Скопје е ставен во карантин, има сомнежи за заразен со коронавирус

Влатко Зорба