МАКЕДОНИЈА

Амди Бајрам бил позитивен на Ковид 19

Денеска почина поранешниот пратеник и политичар Амди Бајрам. Тестот кој постхумно му бил направен покажал дека тој бил позитивен на Ковид-19.

Пред една недела, Бајрам направи свадбената прослава за својата внука која беше организира во Турција каде нема забрана за свадби.

Лидерот на Сојузот  на Ромите почина денеска претпладне на 64 години, страдал од проблеми со срцето и дијабетес, поради што лани му беше ампутирана едната нога. Тој веќе починат бил донесен во една приватна болница во Скопје.

„Тој имаше комплексна здравствена состојба, со хронични болести. Предмалу дознав и навистина немам информација дали е земен ковид тест“, одговори министерот за здравство Венко Филипче.

Поврзани вести

Од утре стартуваат прегледите за „Мој термин“

Берта Китинска

Нема нови позитивни случаи на коронавирус на Детската клиника

Stefanija Kuzmanovska

УЈП за „Викенд без ДДВ“: Фискалните сметки треба да се скенираат во рок од три дена

Никола Поповски

Петров: Членството на нашата земја во НАТО сега е прашање на денови

Stefanija Kuzmanovska

Агенција за вработување: Годината што изминува бележи рекордни бројки на искористеност на мерките за вработување

Влатко Зорба

Милчин: Ни фали попис, за да можеме да кажеме дека имаме фер и демократски избори

Никола Поповски