МАКЕДОНИЈА

Амди Бајрам: Откако Титаник пропадна, отидов во бродот на СДСМ и имам добра коалиција

Сакам да се изјаснам, поради некои шпекулации кои ги имало во јавноста, по медиуми и портали дека јас преговарам со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е чиста лага, ниту преговарам, ниту имам некакви работи, вели пратеникот на Сојзуот на Ромите, Амди Бајрам.

„Јас сум во коалиција со СДСМ и останувам понатаму со нив во коалиција, сакам ако има вакви работи да контактирате со мене и да ве известам, вака не е во ред да се даваат изјави во јавноста, не треба да ни правите компликации и на мене и на мојата партија. Јас останувам во коалицијата во која сум си, со СДСМ“, рече Бајрам.

Тој рече дека паролата на Сојузот на Ромите е дека секогаш треба да бидат со власта. Вели, бил во тој брод со ВМРО-ДПМНЕ, но откако Титаник пропаднал, прешол во другиот брод и има добра коалиција со СДСМ и додаде дека му дал поддршка на премиерот Зоран Заев дека ќе оди со него на избори.

Александар Тодески

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

ДЗС: Лани трговската размена на земјава била 16,6 милијарди долари

Берта Китинска

Ахмети: Владеењето на правото, ветингот и економијата во фокусот на ДУИ

Зголемување на платата и бенефициран стаж, бара Независниот синдикат на судската полиција

Берта Китинска

Променливо облачно со магла

Влатко Зорба

Боки 13 даде исказ за Меѓународниот сојуз, обвинение на средина на јануари

Александар Тодески

Дуковски за Јовановски: Ова е изживување

Stefanija Kuzmanovska