МАКЕДОНИЈА

Ампeва за Локално: Време е и текстилната работничка да се охрабри и да ги изнесе своите барања

Според Кристина Ампева од НВО Гласен Текстилец, барањето за зголемување на работното време од 8 на 8 и пол часа, е неразумно. Исто така враќањето на норма е невозможно бидејќи како што изјави,  нормата е противуставна во Законот за минимална плата, по што ССМ поднесе преставка до Уставен суд.

“Празниците , факт е дека сме земја со голем број на неработни денови, од кои корист имаат само јавната администрација, но тоа не е случај со приватните фирми.Тие моментално сакаат да го озаконат целото незаконско работење кое го практикуваат до сега голем дел од работодавачите. Нивните барања се косат со меѓународни конвенции и договори кои се ратификувани и потпишани од нашата земја, се косат со Устав и со постоечките закони кои го регулираат работниот однос”, вели Ампева.

Во врска со протестот, дојде од идеја на неколку работнички кои беа гневни и лути бидејќи работодавачите постојано бараат и добиваат од државата се што ќе им текне, а тие, работничките, се под постојани прекршувања и со ниски плати.

“Лути се бидејќи го гледаат луксузот со кои се расфрлаат нивните работодавачи, а тие крпат крај со крај со минимална плата. Побараа да се случи ова, ги кажаа дел од нивните барања, со дечките од Гласен Текстилец брзо се координиравме и мислам дека за кратко време направивме добра медиумска кампања. Време е и текстилната работничка да се охрабри и изнесе свои барања. Доволно молчеа и трпеа. Ова со барањата на текстилниот кластер ја прели чашата и легитимни се сите барања кои ги изготвивме заеднички со нив”, додаде Ампева.

Целиот тект може да го прочитате на Lokalno.mk

https://lokalno.mk/tekstilni-rabotnichki-toaletot-e-otkluchen-samo-koga-doaga-inspektsija/

Поврзани вести

Под влијание на влажен бран од Медитеранот, од утре до четврток дожд и ветер

Влатко Зорба

Првата награда ќе биде доделена денеска: Скопјани масовно се фотографираат и снимаат од своите домови

Д-р Лазаревик: Какви се последиците на коронавирусот врз економијата станува клучна дебата

Влатко Зорба

ДКСК засилено ќе ги следи сите информации кои се објавуваат во медиумите до почетокот и за време на изборите

Никола Поповски

ИВЗ: Џамиите се отвораат на 12 мај

УХМР: Ниски утрински температури

Ивана Рамаданова