МАКЕДОНИЈА Политика

Ангелов: На добар дел од Бугарите воопшто не им е гајле дали Гоце Делчев бил Македонец или нивен

„Не е добро за г-динот Стевче Јакимовски да продуцира ваков гнев и омраза која што потоа се спушта надолу и граѓаните помеѓу себеси си ги вадат очите, а тоа е една од причините поради која нашите позиции како Македонци ослабуваат“, изјави претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов во емисијата „Само вистина“, обраќајќи му се на претседателот на Гром, Стевче Јакимовски.

Според него, коментарите и навредите на Јакимовски се неприфатливи.

„Договорот со Бугарија ни овозможи влез во НАТО и свесни сме дека има слабости кои можат да се користат за стопирање на патот на Македонија во ЕУ. Јас очекував вакви препреки од одредени ликови од Бугарија, не од целиот бугарски народ. На овој начин само го разгневуваме нашиот народ против бугарскиот. На добар дел од Бугарите воопшто не им е гајле дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин. Каракачанов сака да добие политички поени во период во кој во Бугарија има протести кои што имаат за цел рушење на владата. Исто така, да не заборавиме дека Бугарија е на дното на ЕУ по нивниот економски стандард и по нивото на корупција“, вели Ангелов.

 

Поврзани вести

Костадинов: Мислењето на Венецијанската комисија се уште не е официјално (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ДИК се прогласи за ненадлежна за барањето на Чулев

Stefanija Kuzmanovska

Министерката за култура во самоизолација

Берта Китинска

Заев: И Груевски беше за ЕУ, но видовме како се повеќе се оддалечувавме од ЕУ и НАТО

Влатко Зорба

Сицијалдемократите од ЕП со знамиња во рацете ги поддржаа Скопје и Тирана

Христина Николовска

Љупчо Николовски на средба со делегација на ЕУ во државава